Get Adobe Flash player
BMW Серија 5 М Sport официјално
05.07.2010

Производителот од Минхен одлучи и официјално да го претстави визуелниот пакет за новата Серија 5 којшто е наречен M Sport и кој треба да прикаже како отприлика ќе личи новиот М5.

bmw-serija-5-m-sport-2010-1

Со новиот пакет елегантната лимузина ќе добие поспортски визуелен настап во кого најчесто уживаат помладите клиенти на BMW, а со него следат и одредени доработки на подвозјето кое е постегнато и измени во ентериерот.

За автомобилот да биде комплетен дизајнерите како и до сега за пакетот M Sport подготвиле и посебна серија на леснометални бандажи со дијаметар од 18 инчи кои се испорачуваат во серија, а со доплата ќе следат за еден број поголеми.

Возачот низ раце ќе може да го мота новиот волан кој доаѓа од одделението М и е пријатно здебелен со познатото лого во дното. Седиштата се спортски со изразени страници и ткаенина во антрцит боја, а низ кабината преовладуваат деталите од четкан алуминиум.

Освен неколкуте фотографии од BMW сеуште не даваат повеќе технички детали околу М Sport пакетот. Ниту дали под M Sport се подразбираат и одредени измени на моторите.

Како и да е M Sport пакетот ќе може да се нарача од есен, а цената ќе биде објавена кон крајот на летото.

 

 

 

Facebook