|
BMW официјално ја претстави четвртата по ред генерација на комби верзијата на Серија 5 која дизајнерски е се издигнува далеку над своите претходници и нуди практичност спакувана во впечатлива форма.

Најважните елементи кај Серија 5 Touring се многу простор во кабината и многу простор во багажникот кои се должат на најголемото меѓуоскино растојание во класата исто како кај Серија 5.
Во BMW истакнуваат дека Серија 5 Touring е повпечатлива и попрактична дури и од Серија 5 GT благодарение на задната клупа која може да се подели во сооднос 40:20:40 и е единствена од ваков вид во сегментот.
Дополнително потпирачите на задната клупа можат да го менуваат својот агол за 11 степени нудејќи повеќе простор во багажникот или повеќе комфор за патниците кои можат максимално да се опуштат при долги дури на автопат.
Волуменот на багажникот од основните 560 литри со хризонталната полица која го покрива со соборување на задната клупа може да се зголеми на максимални 1.670 литри.
Практичноста е зголемена и со одделно отворање на стаклото на задната врата, а соборувањето на задната клупа е едноставно со притискање на копче во багажникот.
Без оглед на поголемиот габарит Серија 5 Touring нуди идеална тежинска распределба преднa/задна оска од 50:50 благодарение на лесната конструкција кај која хаубата, вратите и предните крила се изработени од алуминиум.
За да се одржат извонредните возни карактеристики веќе поставени од седанот, Серија 5 Touring стандардно на задната оска нуди пневматска суспензија со автоматски систем за нивелација кој секогаш го држи растојанието од подлогата на оптимално ниво без клекнување на задникот дури и при максимална натовареност.
Серија 5 Touring ги наследува моторите, менувачите и иновативната технологија од Серија 5. На старт во понудата ќе бидат на располагање со два бензинци и два турбо дизели во моделите 523i и 535i и 520d и 530d.
Од BMW најавуваат старт на продажбата за септември кога ќе бидат објавени и цените.
Она што ќе ги разочара љубителите на моделите на BMW со М ознака е најавата дека новата Серија 5 Touring нема да доаѓа во М изведба како актуелниот модел.
|