|
10.07.2007 |
Откако Ford најави дека сака да се ослободи од својата европска ќерка
Volvo на челниците од BMW не им
требаше долго за да ја посетат шведската марка со намера да ја превземат.
Тимот на BMW отиде дотаму што бараше копии од финансиските извештаи
со намера да се подготват за купување. Тоа се случи во мај месец и оттогаш во Ford и во Volvo
негираат за превземање од BMW.
Работата отиде до таму што претседателот на Ford
America, Марк Филдс мораше да излезе пред јавноста и да каже дека Volvo е премногу
интегриран во империјата на Ford и дека не е за продавање.
Но, работите не стојат така. Последните вести велат дека
финансискиот персонал на BMW се сретнал со своите колеги од Volvo во
Гетеборг. Целта на оваа средба е откривање на финансиски информации пред BMW за да би
можела германската марка да направи прецизна понуда за купување на Volvo.
И покрај негирањето од страна на официјалните лица на Ford за
продажба на Volvo, извршниот директор на сината елипса Алан Мулали
веќе напомена дека сите опции се отворени кога е во прашање решавање на
финасискиот дефицит на Ford.
|