Претставувањето на Х6 и неговите моделски варијанти
означени како xDrive50i и xDrive35i
предизвикаа љубопитност кај светската јавност, Мистеријата конечно добива
разврска.
Според еден меморандум кој случајно го напуштил магичниот
круг се открива дека чудните ознаки на моделите од понудата на Х6 всушност ќе
биде новиот начин на означување на моделите на BMW кој ќе
стартува во 2009.
И погодете зошто се случува ова? Поради регулативите во
САД. Во меморандумот прецизно се вели: „Поради новите
регулативи кои се воведуваат во Соединетите американски држави од 2009, го
менуваме начинот на означување на нашите модели. Менувањето на ознаките ќе ги
опфати автомобилите кои во моментов имаат посебна ознака за зафатнината на
моторт како што се Х3, Х5, Х6, Z4 и Z4 Coupe.”
Не е сигурно дека моделите Z4 и Z4
Coupe ќе го носат зборот Drive во името бидејќи тој во BMW е спарен
со латиничната буква Х која означува погон на четири тркала. Се очекува само
моделите Х3 и Х5 да го понесат истиот начин на означување како Х6.
Не е јасно дали смената на ознаките ќе важи само за
моделите што ќе се испорачуваат на Северно американскиот пазар или истото ќе се
случи и во Европа.
Секако возилата остануваат не сменети, но неверуваме дека
на традиционалните купувачи на BMW овој нов начин на означување ќе им се допадне.
Затоа може да се очекува најголемито дел од клиентите да
се одлучат за бесплатната опција за непоставување на ознаки на моделот која се нуди во BMW.
|