|
14.11.2007 |
Италијанскиот производител на врвни сопирачки Brembo
објaви дека почнал да го снабдува BMW со системи
за сопирање и сопирачки дискови.
Во третото тромесечје од годината некои од високо
перформансните модели на BMW добија нов сет на шест клипни сопирачки клешти
произведени во Brembo, а се очекува во следните 12 месеци уште повеќе модели
да бидат опремени со оваа комбинација.
Со почетокот на 2008 ќе стартува понудата на специјален
сопирачки кит на Brembo како опција за моделите на баварскиот производител.
Brembo е една од светски најпознатите марки кога станува збор
за врвни и технолошки напредни сопирачки, која ги опремува од, ценовно
релативно прифатливите тркачи како што се Subaru Impreza
WRX и Mitsubishi Evolution, до супер спортските автомобили како што се Ferrari и Porsche.
Високопреформансните сопирачки на Brembo се
препознаваат по своите црвено обоени сопирачки клешти, но оние што ќе се
вградуваат во автомобилите на BMW ќе бидат многу посуптилно обоени и нема да бодат очи.
Благодарение на договорот со BMW, профитот
на Brembo порасна за 86,8 проценти во третиот квартал од годината
или изразено во пари 12,43 милиони евра.
|