Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
BMW со втора генерација на Hydrogen 7
04.04.2008
bmw-hydrogen-7-1.jpgСамо две години по претставувањето на чистата лимузина Hydrogen 7 во BMW одлучија на светот да му го прикажат наследникот кој за разлика од претходникот вози само на водород.

Поради тоа што вози само на водород новиот Hydrogen 7 има безмалку нула емисија на издувни гасови, многу е поекономичен и има многу повеќе снага отколку претходникот.

Секако не станува збор за прототип туку за сериски автомобил кој ќе биде произведуван во мали серии, ќе служи како модел за демонстрирање на новата технологија и ќе биде доставуван на потенцијалните купувачи на определено време, односно на пробно возење.

Со оглед на навалата од алтернативни технологии како електриката, водородот, горивните ќелии, био-горивата многу е тешко во моментов да се предвиди која технологија ќе превладее и дали со ова што го нуди во Hydrogen 7 BMW е на вистински пат.

И додека трае дилемата во BMW слатко ги тријат рацете сокривајќи еден важен адут во ракавот. Адутот се крие во кусата изјава на еден од инженерите на BMW, Томас Валнер кој вели: „Моторот на Hydrogen 7 всушност активно го прочистува воздухот.” Изненадување! Има уште.

„Резултатите од тестирањата покажуваат дека масивниот V12 што го задвижува Hydrogen 7 при согорување на водород прикажува ниво на емисија на одредени гасови кои всушност се почисти од околниот воздух што доаѓа во моторот преку вшмукувачкиот тракт,” гордо констатира Валнер.

Сепак, и покрај ваквите охрабрувачки резултати останатите производители на автомобили ја ставаат под голем знак прашалник одлуката на BMW да оди со развој на класичен мотор со внатрешно согорување кој место бензин согорува водород.

Но, во BMW имаат одговор и на овие забелечки. Тие велат дека развојот на овој вид на технологија им служи само како основа за влез во светот на водородот, каде подоцна, кога ќе се јави потреба, класичниот мотор многу лесно може да се замени со систем од горивни ќелии.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook