Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
BMW tii ќе има 340 КС
02.11.2007
bmw-tii-conceptКонцептот на BMW, tii базиран на серија 1 предизвика вистинско мешање кое сега ќе стане уште поголемо. Причина е сознанието дека BMW вади уште повеќе коњи од својот битурбо од 3.0 литри.

За него веќе пишувавме, но сознанието доаѓа од група германски новинари кои очигледно веќе го возеле автомобилот. Интересно е тоа што моторот е модификуван доволно за да остварува 340 коњски сили. Тоа е 36 КС повеќе отколку оригиналните 306 коњи што сугерира дека можеби ова е основа за уште помоќна така наречена хардкорд верзија.

Автомобилот е потентен и лесен и според нив лесно би можел да ја смете конкуренцијата. Ова можеби е и малку пристрасно бидејќи знаеме дека доаѓа од секогаш патриотски настроените Германци.

Но, како и да е знаеме дека сетапот со погон назад овозможува прецизност и контрола што не е можна кај повеќето негови ривали бидејќи поседуваат погон напред или погон на сите тркала.

Покрај аеродинамичкиот кит tii покрај хаубата ќе има и кров од карбон-фибер по примерот на купето М3 што најверојатно ќе стане стандард кај високо перформансните купеа на BMW.

Најверојатно во tii ќе биде вграден и дифренцијал со автоматска блокада кој за останатите купеа веќе се нуди како опција, а постои и можност tii да добие врати кои се отвораат во стил на Lamborghini, LSD и тоа во серија.

Кај BMW е интересен фактот дека безмалку сите концепти завршуваат на произвдона лента, сепак со tii баварците ќе треба да внимаваат бидејќи лесно може да се претвори во убиец на М3.

Сеуште нема конкретни планови за производство, но се надеваме и навиваме.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook