Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
BMW X1 официјални фотографии
01.10.2008
bmw-x1-concept-1.jpgBMW одлучи да прикаже серијата од неколку фотографии на кои е претставен концептот од кого подоцна би требало да произлезе сериската верзија на долго најавуваниот Х1.

Моделот треба светлото на денот да го здогледа на салонот во Париз, додека комерцијализацијата е планирана за кон средина на следната година.

Следејќи ја традицијата на BMW и нивното прикажување на концепти се очекува финалната верзија на Х1 која ќе се симнува од производните ленти да биде безмалку идентична со концептот.

Интересно е што Х1 личи како да е смалена верзија на Х5, но со примеси на поспортскиот покупеовскиот Х6. Во секој случај препознатлив е стајлингот на BMW кој ја нагласува припадноста на моделот кон марката.

Платформата е превземена од Серија 1, но се чини дека е малку развлечена поради што се очекува Х1 да биде поголем автомобил.

Во должина мери 4.457 mm, широк е 1.789 mm и висок е 1.535 mm, стои значително повисоко од донаторот на платфромата и носи леснометални бандажи од 18 инчи. Доволно за преобразба од автомобил во компактен SUV.

На почеток под хаубата ќе работат два 2.0 литарски мотори, бензинец и дизел. Бензинскиот 2.0 литарец ќе испорачува 170 коњски сили додека дизелот ќе се перчи со 177 коњски сили и мрсен вртежен момент.

Понатаму на располагање ќе биде целата гама на мотори што се вградува во Серија 1. Исто важи и за менувачите, а новина ќе биде осум степениот автоматски менувач.

Покрај проширувањето на гамата на мотори планот на BMW вклучува и хибридна верзија која би требало да се појави отприлика 2 години по стартот на производството на Х1.

Х1 нема да биде единствениот компактен теренец на BMW. Баварците планираат да ја искористат фината применета во случајот на Х5 – Х6 и затоа не е случајност појавувањето на информацијата за Х2 кој ќе биде поставен на основата на Х1, но ќе има накосено задно стакло и три место пет врати.

Х1 ќе се произведува во фабриката на BMW во Лајпциг и според планот од производните ленти годишно ќе се симнуваат околу 100.000 примероци, а голем дел од компонентите ќе бидат заеднички и за малечкиот SUV кој треба да пристигне и од Mini.

Ценовно Х1 ќе биде поставен малку повисоко од Серија 1 што значи дека би требало да стартува од околу 30.000 евра.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook