Get Adobe Flash player
BMW X5 M и Х6 M
08.07.2009
bmw-x6-m-1.jpgBMW го претстави новиот фабрички тјунерски кит M Sport за своите модели Х5 и Х6, односно наменет за бензинските xDrive35i и за xDrive 50i, но што е уште поважно ги претстави и X5 M и X6 M.

Она што изненадува е одлуката на BMW пакетот M Sport наменет за Х5 и Х6 да не биде само визуелно надградување на каросеријата, кабината и стегната суспензија.

Сега верзиите со пакет M Sport на Х5 и Х6, xDrive35i и за xDrive50i, нудат и зголемување на моќноста. Што конкретно значи сето ова?

Моторот што работи во xDrive35i Х5 и Х6 познатиот три литарски реден шест цилиндарец битурбо во пакетот M Sport остварува 326 КС при 5.800 врт/мин и има максимален вртежен момент од 450 Nm расположиви од 1.500 до 4.500 врт/мин.

Наведените бројки укажуваат на скок во моќноста од 20 коњски сили и раст на вртежниот момент за 50 Nm во споредба со стандардната верзија. Вредности кои воопшто не се за потценување.

Моторот пак што работи во xDrive50i - Х5 и Х6 добива уште повеќе коњски сили. Големиот 4.4 литарски V8 битурбо наместо сериските 408 КС сега се перчи со масивни 446 КС, но ова не е ништо во посредба со новиот мотор што работи во Х5 М и во Х6 М.

Ново развиениот битурбо бензинец V8 со зафатнина од 4.395 сс остварува 555 КС од 5.750 до 6.000 врт/мин и има мрсен вртежен момент од 680 Nm расположиви од 1.500 врт/мин до 5.650 врт/мин.

Наречен, М TwinPower Turbo, овој V8 ја носи градбата од моторот што работи во X6 xDrive50i и лимузината 750i, и е прв V8 на светот со заеднички издув за двата реда цилиндри и кај кого турбо полначот и катализаторот се поставени во V делот меѓу двата реда цилиндри.

Директното вбризгување со висока прецизност и ново развиените технологии на BMW во доменот на EfficientDynamics обезбедуваат штедливост, почисти издувни гасови, но и неверојатно брз одговор на педалот за гас и течно развивање на моќноста низ целото работно подрачје потребно во секој дневното возење.

Снагата се пренесува до сите четири тркала преку автоматскиот менувач M Sport со шест степени на пренос и оптимизирана динамика која договара со спортската ориентација на моделите.

Иновативниот концепт на M Sport благодарение на кој со краткорочна блокада на моторот - одземање на гаста - се редуцира вртежниот момент и се постигнуваат екстремно куси времиња на менување на степените.

Менувањето може да оди автоматски или мануелно преку рачката од менувачот, или уште подобро, преку палките зад волан што во BMW веруваат дека ќе биде префериран начин на менување.

Новиот менувач дозволува возачот да се вмеша во менувањето на степените дури и кога рачката се наоѓа во модусот D. Доволно е да се допре палката зад волан и менувачот да префрли степен подолу.

Секако тука е и неизбежната функција Launch Control која овозможува максимално забрзување без непотребно расфрлање на моќноста. Воедно возачот секогаш може да избере дали ќе вози со максимална моќност во програмата Sport, или пак, ќе користи помалку снага во програмата Efficiency.

BMW Х5 М и Х6 М до 100 km/h спринтуваат за 4,7 секунди и остваруваат максимална брзина електронски ограничена на 250 km/h. Клиентите кои ќе се одлучат за опционалниот пакет M Driver ќе добијат дополнителни 25 km/h, односно максимални 275 km/h исто така електронски ограничени.

Просечната потрошувачка на Х5 М и Х6 М изнесува 13,9 L/100 km, а емисијата на СО2 325 g/km.

Х5 М и Х6 М се првите модели на BMW М GmbH со погон на четири тркала xDrive кој во себе ја вкомпонирува Dynamic Performance Control прилагодена на специфичните потреби на еден високо перформансен автомобил.

Динамичката контрола за постигнување подобри перформансите и кај двата модели овозможува високи динамички и возни карактеристики комбинирани со супериорна стабилност на правец и во свијок и извонредна тракција.

За прецизност во управувањето е задолжено исто така ново развиеното урпавувње наречено Servotronic кое овозможува прецизност и контрола карактеристични за еден М модел.

Од М одделот на BMW дополнително истакнуваат дека задоволството при возење и агилноста и кај двата модели е ненадминлива во овој сегмент. Иако личи на фалење не гледаме зошто не би им верувале.

За сопирање на Х5 М и Х6 М се задолжени вентилирачки дискови со димензии 395х36 mm напред кои ги зафаќаат четири клипни сопричаки клешти и 385х24 mm назад кои ги зафаќаат сопирачки клешти со еден клип.

Визелниот идентитет на Х5 М и Х6 М како и на xDrive35i и за xDrive 50i со пакетот M Sport е постигнат со нов преден браник со големи отвори за доток на воздух и заден браник со интегриран дифузор од чии краеви штрчат двојни издувни цевки.

Возилата стојат на леснометални бандажи со пречник од 20 инчи и ширина од 10 инчи напред и 11 инчи назад, обуени во гуми 275/40 напред и 315/35 назад.

Најголемото изненадување кај Х5 М и Х6 М е можноста за влечење приколка со кука која се вградува по нарачка. Максималниот капацитет на влечење со приколка со сопирачки е значителни 3 тони.

Ова значи дека сопствениците на брзина сега со себе можат да го понесат и својот глисер на омилената дестинација за одмор.

 

 

 

 

Facebook