|
Компнијата All German Motorsports која е специјализирана за изработка на теренски тркачки машини подготвува ново чудо AGM Jimco X6 TT кое ја користи техниката на BMW, а личи на Х6.

Тркачкиот теренец веќе тестира со поренешниот германски рели пилот Армин Шварц кој е полн со пофални зборови за него. Посебно откако AGM Jimco X6 TT го издржа ѕверското малтретирање на полигон од 48 годишниот пилот.
„Најважен е првиот впечаток. Од исксутво знам дека многу рели возила не се покажуваат сјајно при првиот тест, но тоа не е случајот со AGM Jimco X6 TT. Чувството зад волан е феноменелно и сметам дека тој е подготвен за големи достигнувања,” истакна Шварц.
Покрај моќниот мотор на BMW од кого се извлечени 725 КС, според Шварц, најголема предност на AGM Jimco X6 TT се сопирачките кои скоро во место го сопираат автомобилот.
Сепак, нема само комплименти. Шварц наведе дека од AGM треба да работат на суспензијата за да го смират автомобилот на терен и на управувачкиот систем кој не дава доволно повратни информации што е голем хендикеп за на рели.
Инженерите од All German Motorsports – AGM имаат уште многу работа пред стартот на релито Дакар на Нова година кога ќе се знаат и сите подробни детали за монструозниот AGM Jimco X6 TT кој ќе се натпреварува во категоријата Truks Trophy.
|