|
21.01.2008 |
Непрежалената луксузна германска марка, Borgward, која
банкнотираше во 1961 се враќа на сцена. На чело на процесот е Кристијан
Боргвард, внук на легендарниот основач Карл Боргвард.
Планот на Кристијан Боргвард е да ја оживее марката со помош на
неколку инвеститори кои доаѓаат од Азија. Централата ќе биде поставена во
Бремен домот на оригиналниот Borgward, а првиот нов модел веќе се тестира.
Производство на автомобилот првично ќе им биде доверено
на мали производители како Karmann или Magna Steyr, а подоцна се планира и изградба на
сопствена фабрика заедно со оддела за развој и за дизајн.
Плановите на внукот на Боргвард воопшто не се за
потценување. Тој за почеток предвидува производство од 50.000 автомобили
годишно кои ќе се нудат на купувачите по цена од 65.000 до 90.000 евра.
Новиот модел на Borgward чие име сеуште се
сокрива од јавноста ќе напаѓа во сегментот каде владеe големата
германска тројка Audi А6/Mercedes Класа Е/BMW Серија 5.
Но, прашан кога автомобилот ќе и биде претставен на
публиката и дали тоа ќе се случи во наредните неколку години Кристијан Боргвард
одговорил: „За перфекцијата е потребно време.”
|