Get Adobe Flash player
Borgwarner го заврши својот менувач со две спојки
14.11.2007
borgwarner-dual-clutch.jpgТрансмисијата со две спојки е позната со кусото време на префрлање од степен во степен, течното менување и пониската потрошувачка во споредба со класичните мануелни и автоматски менувачи.

Специјалистот за трансмисија Borgwarner неодамна најави дека работи на нов напреден менувач со две спојки. Всушност станува збор за нова генерација на менувачи со две спојки кои според тврдењата на производителот се за 40 проценти поекономични од постоечките верзии.

Развојот и откривањето на нови напредни фрикциони материјали, подобрувања во размената на топлината и усовршен и оптимизиран систем на контрола се главните фактори за заштеда на гориво.

Се работи за така наречена „влажна” конструкција на спојката која за разлика од сегашната спојка целосно потопена во масло обезбедува помалку триење и енергетски загуби.

BorgWarner веќе ги снабдува Volkswagen, Audi, Bugatti и SAIC со трансмисија со две спојки, а од неодамна на листата на клиенти се и Nissan и Mitsubishi за своите преформансни модели GT-R и Evo.

Постои долга листа и на производители кои се подготвуваат во своите автомобили да ги вградат новите поефикасни менувачи меѓу кои се и Ford и Mercedes.

Сегашното ниво на производство се очекува да се золеми за четири пати во следните шест години до конечна бројка од околу 2.3 милиони менувачи на годишно ниво.

 

 

 

Facebook