Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
BorgWarner ќе нуди евтина трансмисија со две спојки
24.10.2007
bg-dualtronic-clutchТрансмисијата со две спојки досега беше примарно ограничена на возилата од групата VW, или пак, скапи спортски и луксузни автомобили чии сопственици не се грижат премногу за цената.

Сето ова наскоро треба да се смени благодарение на специјалистот за трансмисија BorgWarner.

Компанијата смета дека може да произведе 2.3 милиони вакви единици по ниска цена до 2013. Голем залак нема што. Но, ваков волумен на производство дефинитивно би требало да ја намали цената на трансмисијата со две спојки.

Новиот систем наречен DualTronic ќе му помогне на BorgWarner да ја достигне својата цел, односно зголемување на производството за мрсни 500 проценти.

Компанијата тврди дека новата трансмисија со цената ќе биде конкурентна на најновите шест степени автоматски менувачи. Сепак, ќе остане многу поскапа од четири или пет степените менувачи кои се среќаваат кај евтините автомобили.

Трансмисијата со две спојки овозможува пренесување на моќта на погонските тркала без прекин во испораката на моќноста со помош на пред селектирање на степенот на пренос, додека претходно избраниот степен е сеуште во спрега.

Перформансите очигледно профитираат од овој систем, кој токму поради тоа многу брзо се најде спрегнат во спортски и луксузни автомобили каде цената не е предмет на расправа.

Сепак, многу производител ги гледаат неговите 13 проценти предност во ефикасноста во однос на останатите автоматици како не важни кога е во прашање цената посебно во сегментот на мали автомобили.

Конкретно како функционира ситемот сеуште не се знае бидејќи BorgWarner ги држи техничките информации во тајност. Единствено што е познато е дека првите прототипи од новата трансмисија веќе работат во тестните автомобили.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook