|
14.06.2007 |
Производителот на делови за автомобили Bosch веќе
постигна договор со еден европски производител за испорака на хибридна
технологија спoена со дизел.
Инженерите за развој тврдат дека системот ќе влезе во
сериско производство до 2010 и ќе биде нов репер за ниска потрошувачка, со
емисија на јаглероден диоксид пониска од 100 g/km.
Според договорот Bosch ќе
испорачува електричен мотор и електронска контрола кој ќе работи во симбиоза со
дизел. До сега производителите сметаа дека дизелски хибрид е премногу скап, но
притисокот од властите за намалување на CO2 ги
присилува да размислат повторно за својот став.
PSA/Peugeot-Citroén се надева дека ќе
биде првиот производител кој на пазарот ќе лансира дизел хибрид. Peugeot развива
сопствен систем за новиот 308 и нагласува дека ќе биде во употреба до 2010.
Во меѓувреме Bosch ќе ги снабдува Volkswagen,
Audi и Porsche со бензински хибрид, а првите испорачки се очекуваат на
почеток од 2008.
|