Get Adobe Flash player

bmw-m-135i-1-2012-1
Три врати за новата BMW Серија 1

BMW ја претстави Серија 1 со три врати и ја зголеми гамата за уште два модели 114i и спортскиот М 135i

 
Get Adobe Flash player
Божествена убавина
30.05.2007
599gto-frontГи даваме нашите очи на аукција. Повеќе не ни се потребни бидејќи достигнавме визуелна нирвана. И сето тоа благодарение на следново: Vandenbrink 599 GTO.

Најубавиот автомобил на светот 599 GTO е стилизиран според иконата од Маранело од шеесетите, фамозниот 250 GTO.

Изграден на основата на Ferrari 599 GTB Fiorano, овој GTO е дел од лимитираната серија на холандскиот специјалист за рачна изработка на каросерии Vandenbrink Design.

GTO прво беше претставен како дизајнерска студија, но предизвика неверојатна реакција и секој што го виде ја убедуваше компанијата да го произведува. Така три од петте произведени автмобили веќе најдоа купувачи за мрсна сума на европски банкноти која останува скриена за јавноста.

Алуминиумското тело го носи препознатливиот знак на GTO: трите отвори во носот, шкргите зад предните тркала и извајаните задни крила кои се слеваат во издигнатиот опаш.

6.0 литарскиот V12 е недопрен и испорачува 620 КС, но поради помалата тежина 599 GTO успева да забрза до 100 за 3,6 секунди и има максимална брзина од 333 km/h.

Доколку сте јапи кај Vandenbrink останаа уште два 599 GTO за нарачување.

Секако, прво треба да ги дадете на аукција очите за да можете да си дозволите еден од нив.

599gto-rear

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook