Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Bridgestone е „Производител на гуми на годината”
10.03.2008
airbus-a380-bridgestone-tir.jpgЈапонскиот гигант Bridgestone уште еднаш покажа дека е еден од најиновативните и најнапредни гумари на денешницата понесувајќи ја престижната награда „Производител на гуми на годината”.

На годинешниот настан на Интернационалните награди за технолошки иновации во сферата на гуми, независна жири комисија составена од најдобрите експерти во гумарската индустријата, одлучи дека годинава Bridgestone треба да ја понесе наградата.

Покрај големиот број на достигнувања, жири комисијата посебен акцент стави на експанзијата во сферата на развој и дизајн на Bridgestone, работата на нивниот оддел за тестирање во Европа и производството на гуми за мега авионот Airbus A380.

Понатаму се пофалува големиот напредок направен во проектите за подобрување на животната средина и постигнување на еколошки баланс во производството и секако глобалната кампања за зголемување на безбедноста на патиштата насловена како Think Before You Drive или Помисли пред да почнеш да возиш.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook