Get Adobe Flash player
Британија се подготвува за хибриди
26.02.2010

Владата на Велика Британија донесе нов закон кој треба да допринесе за подобрување на еколошките услови во државата и намалување на емисиите на штетни гасови посебно во големите градови.

prius-polni-vo-britanija-2010-1

Според новиот закон секој жител што ќе се одлучи да купи хибриден или електричен автомобил ќе добие помош од државата во висина од 5.000 британски фунти или околу 5.800 евра.

Новиот закон бил во разработка подолго време, а беше соопштен вчера кога министерот за транспорт на Велика Британија, Ендрју Адонис најави дека државата сериозно се зафаќа се решавање на проблемот на зголемување на вредностите на јаглердоен диоксид во воздухот.

Според него денес транспортот е виновен за околу 20% од севкупната емисија на јаглероден дисоксид во воздухот. Решението владата го гледа со помош од 25% од цената на ново еколошко возило, но не повеќе од 5.000 фунти.

Секако законот подеднакво ќе важи и за физички лица и за компании кои своите флоти ќе сакаат да ги обноват со зелени возила. Програмата нема да стартува со реализација веднаш.

Потребно е време за подготовка бидејќи се работи за фонд од 230 милиони фунти кои треба да бида обезбедени. Затоа датумот на старт доаѓа заедно со новата 2011.

Програмата ќе опфаќа електромобили кои со едно полнење на батериите можат да минат 113 километри, автомобили кои возат на водород и горивни ќелии, хибридни и plug-in хибридни автомобили со емисија на СО2 не поголема од 75 g/km и способни на електрична енергија да изминат не помалку од 16 километри.

Сите повластени групи на автомобили мораат да имаат максимална брзина повисока од 96 km/h или по британски мерен систем максимална брзина поголема од 60 mph, милји на час.

Во пакет со програмата доаѓа и помош од 30 милиони фунти за развој на станици за брзо полнење на батериите на електромобилите и на plug-in хибридните возила.

Првите вакви станици ќе бидат изградени во Лондон и во североисточна Англија, а во наредните три години ќе бидат распространети низ целиот остров со бројка од преку 11.000 станици за полнење.

Ете тоа така функционирa во современиот свет.

 

 

 

Facebook