Иако на салонот во Франкфурт од Bugatti најавија дека Galibier 16С е концепт со неизвесна иднина, сепак, интересот на одредена група на
заинтересирани клиенти го вели спротивното.
Техничкиот директор на Bugatti, Волфганг Шрајбер,
очигледно среќен бидејќи едно автомобилско остварување од калибарот на Galibier 16C создадено под неговата диригентска палка ќе замине во серија, даде и повеќе
од доволно информации за неговата иднина.
Шрајбер истакна дека пред одржувањето на салонот во
Франкфурт Bugatti
Galibier 16C на затворена презентација им бил прикажан на одбрана
група луѓе кои покажале голем интерес за супер луксузното купе со четири врати
со монструозен мотор под хаубата.
Од тука станува јасно дека производството на сериската
верзија, доколку производството на Bugatti
Galibier 16C воопшто може да се сврсти во сериско, ќе стартува по
престаникот на производството на Veyron
планирано за 2012.
Првите примероци на Bugatti
Galibier 16C на пазарот треба да се појават кон средината на 2013
кога среќните сопственици ќе седнат зад воланот на како што вели Шрајбер:
„најбрзиот, најмоќниот и најдинамичниот седан на светот”.
Шефот на Bugatti,
Франц-Јозеф Пафген е многу порезервиран за стартот на сериското прозводство
на Galibier
16C. Тој наведува дека сеуште VW Group каде што припаѓа и Bugatti не дал официјално зелено светло.
Но, ако клиентите се убедени во квалитетите на Bugatti Galibier 16C тогаш одлуката ќе дојде многу полесно.
|