|
11.03.2008 |
Ова е уште една дизајнерска студија на тема Bugatti овој пат
од судијото за дизајн Racer X Design, поточно од еден нивни дизајнер Рубен
Замит кој се обидел да ги спои модерното со класичното.
Се чини дека сите дизајнери кои се опседнати да нацртаат
совршен Bugatti ги мешаат овие две работи. Наречена Bugatti
Type 12-2 Streamliner студијата гледана од напред веднаш дава на знаење за кој
автомобил всушност станува збор.
И додека гледнао од напред недвосмислено потсетува на Bugatti студијата
од назад се потпира на дизајнерски смерници веќе видени кај некои спортски
автомобили како на пример кај Ferrari поточно моделот 599 GTB и Alfa
Romeo 8C. Но, без оглед на
сличности, дизајнот на задниот дел на овој Bugatti 12-2 недвосмислено
е успешен.
И повторно се работи за четирисед, кој е многу актуелен
по најавите дека Bugatti планира една токму ваква супер спортска лимузина, и секако
ќе остане само на цртачките табли без било каква најава дека би можел да влезе
во производство.
Рубен Замит предвидел моторот во формација W12 со два турбо
полначи да биде сместен напред и да ги задвижува задните тркала. Како и
претходната и оваа студија ги прикажува дизајнерските потенцијали, но за жал
како што рековме ниту една од овие дизјан-најави нема да стигне до серија.
|