|
19.09.2007 |
Не требаше да помине многу време за сите пет модели на Bugatti
Veyron Pur Sang да ги најдат своите купувачи. Само 24 часа откако беше
претставен на салонот во Франкфурт.
Ултра ексклузивната серија беше веднаш распродадена и не
веруваме дека цената од 1.4 милони евра по парче претставуваше некаков проблем
за нарачателите.
Со оглед на успехот, се верува дека во Bugatti почнале со
нова програма за индивидуализација на моќниот супер автомобил, што значи дека најверојатно
ќе гледаме вакви доработки на Veyron и во иднина.
|