Американската тјунерска куќа Hennessey Performance Engineering чија дејност до сега се ограничуваше на тјунирање на моделите од другите производители ќе има сопствен модел со бесни перформанси.
Својот прв модел којшто со перформансите ќе биде директен конкурент на Bugatti Veyron, Hennessey го најавува преку видео тизер наречен Venom GT како што ќе гласи и името на суперспортскиот модел.
Првичните планови за светска премиера на салонот во Женева не се остварија заради доцнење во пoдготовка на автомобилот.
Од она што го објавуваат од Hennessey за Venom GT како најава пред премиера е дека автомобилот е поставен на модификувана плaтформа на Lotus Exige S.
За да може да се вгради централно поставениот V8 алуминиумската шасија на Lotus e продолжена за 600 mm и проширена за 300 mm. Лесната градба условува тежината да биде задржана на неверојатно ниски 1.086 kg.
Централно поставениот мотор снагата ја испраќа до задните тркала преку шест степен мануелен менувач. За да ги задоволат барањата на што поширок круг на октански занесеници од Hennessey нудат три верзии на максимална моќност од ист мотор.
Најслабата изведба на Venom GT ќе нуди 725 КС, следната изведба има 1.000 КС, а врвот од понудата и најмоќната изведба ќе фасцнира со максимална моќност од 1.200 КС.
Hennessey за споредба со Bugatti Veyron ги дава само перформансите што ги остварува средната изведба. Venom GT со 1.000 КС до 100 km/h забрзува за 2,3 секунди, до 160 km/h за 5,3 секунди, до 240 km/h за 8,9 секунди и до 320 km/h за 14,3 секунди. Максималната брзина на Venom GT е околу 420 km/h.
Спринтот до 100 km/h во Bugatti Veyron со 1.001 КС трае 2,5 секунди, а до 200 km/h за 7,3 секунди вредност која е некаде на средина меѓу 160 и 240 km/h која ја даваат американците. Затоа да стигне до 300 km/h потребни му се 16,7 секунди.
Максималната брзина на Veyron изнесува 407 km/h.
Перформансите на Venom GT со 725 и со 1.200 КС сеуште не се откриваат и за нив се чека официјалното претставување. Затоа пак од Hennessey ја откриваат цената која стартува од околу 600.000 долари за Venom GT со 725 КС.
Најмоќната верзија би требало да стартува со цена од околу 725.000 долари.