Get Adobe Flash player
Bugatti Wimille
04.03.2008
bugatti-wimille-studija-1.jpgСе работи за дизајнерска студија кој нема ништо со неодамна најавениот седан на Bugatti. Но, не би имале ништо против доколку некогаш се појави Veyron со четири врати што ќе личи вака.

Дизајнерската студија е дело на холанѓанецот Нилс Ван Роиј, студент на академијата за дизајн во Ајндховен. Ван Роиј во својата студија наречена Wimille се обидел да ги спои модерниот дизајн со класичниот стајлинг на Bugatti, но сепак сето тоа да го носи неговиот печат.

Според концепцијата на Роиј моќниот мотор W16.4 повторно е сместен одзади, и се гледа низ стаклениот капак кој е продолжение на стаклениот кров кој оди по цела должина на каросеријата. И покрај концепцијата со назад поставен мотор сепак, комодитетот на патниците во Wimille не е нарушен бидејќи под предната хауба има доволно место за багаж.

Идејата за лимузина во Bugatti не е нова бидеји како што пишувавме претходно раководителите сакаат да вратат дел од парите вложени за развој на супер автомобилот и неговиот ултра скап мотор.


 

 

 

Facebook