|
Kia во Јужна Кореа го претстави својот нов голем седан кој на домашниот пазар ќе се продава под името K7, додека на останатите пазари во светот ќе го носи звучното име Сadenza.

Конечно со Cadenza, Kia го сменува веќе 10 години стариот знаменосец во марката, Opirus, или на некои пазари познат како Amanti. Kia уверува дека со своите 4.965 mm набиени со нова технологија Cadenza ќе го надмине својот претходник.
Дизајнот какои и на останатите нови модели на Kia е скроен во сопствениот дизајнерски центар под раководство на поранешниот шеф на дизајн на Audi, Петер Шрејер.
Според Шрејер предницата на Cadenza со новата карактеристична маска за марката потсетува на „муцка на тигар” и демонстрира самоувереност.
Сериската верзија на Cadenza како што веќе беше најавено е создадена на основата на концептот KND-5 и покрај надворешниот дизајн го наследува и ентериерот кој е едноставен, практичен и елегантен со чисти линии и без дизајнерски егзибиции.
Cadenza на сопственикот му ги нуди сите продобивки од современите технологии. Отклучување и стартување без клуч, сензори за светла, дожд, камера за возење во рикверц, електрично местење на седиштето на возачот со меморија, високо квалитетен аудио систем, автоматски клима уред...
Иако Cadenza во должина е покуса од Opirus има за 45 mm поголемо меѓуоскино растојание кое e растегнато на 2.845 mm што обезбедува значително повеќе простор во внатрешноста посебно на задните седишта.
Cadenza е поставена на сосема нова платформа со преден погон означена од Kia со типска ознака Type-N за која инженерите велат дека е полесна и поцврста од претходната. Тоа значи дека Cadenza е полесна од Opirus за добри 130 kg.
Верзијата на Сadenza наменета за домашниот пазар K7 ќе го носи 3.5 литарскиот атмосферски бензинец V6 поставен напречно напред кој остварува 290 КС при 6.600 врт/мин и максимален вртежен момент од 338 Nm при 5.000 врт/мин.
Снагата на предните тркала се пренесува преку автоматски менувач со 6 степени на пренос кој има два модуси на работа, целосно автоматски или како имитација на секвенцијален менувач со мануелно менување на степените.
Со овој мотор Cadenza, односно K7 оди до максимална брзина од 230 km/h, а забрзувањето до 100 km/h изнесува 7,2 секунди. Просечната потрошувачка е заокружена на 9,36 литри на 100 изминати километри.
За сопирање се задолжени самовентилирачки дискови напред со димензии 300 х 28 mm и полни дискови назад со димензии 284 х 10 mm. Нив ги сокриваат леснометални бандажи од 16 или 17 инчи во зависност од нивото на опременост.
Kia за Cadenza планира уште два бензински мотори. Се работи за четири цилиндрични агрегати со моќност од 165 КС послабиот и 204 КС помоќниот кои треба да пристигнат подоцна, најверојатно со претставувањето на автомобилот во Европа.
Стартот на продажбата во Европа е закажанa за 10 јануари 2010.
|