Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Cadillac ќе има компактен седан
08.08.2011

Cadillac го објавува првиот официјален тизер од својот компактен седан која ќе биде најмал модел во гамата и ќе ја носи ознаката ATS, а паралелно со него се развива и нов знаменоцес на компанијата.

cadillac-ats-1-2011-1

Тој ќе ги замени досегашните модели DTS и STS и ќе биде означен како XTS. Покрај погонот назад ќе има и погон на четири тркала, магнетна контрола на суспензијата Magnetic Ride Control и ќе се одликува со висок луксуз.

Но, да се вратиме на ATS. Како што се вели во соопштението на Cadillac, ATS е само работна ознака за компактниот седан и сериската верзија би требало да носи друга ознака.

Cdillac ATS ќе биде поставен на новата платформа на General Motors, наречена Alpha која има погон на задни тркала и истата ќе се користи и за новата генерација на моделите од серијата CTS како и за наследникот на Chevrolet Camaro.

Планот на Cadillac е ATS на американскиот пазар да им конкурира на BMW Серија 3, Mercedes C Класа и Audi A4. Производството ќе се одвива во фабриката на компанијата во градот Ленсинг во сојузната држава Мичиген.

Според официјалната информација на Cadillac, компактниот седан ATS ќе се нуди и како купе и како кабриолет, а се споменува и жешка верзија. Постојат планови и за него извоз во Европа, но тоа не е потврдено.

Исто така не е потврдено ниту и кога ќе се појави на пазарот. Се знае само дека големиот XTS пристигнува на пролет следната година.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook