|
02.08.2007 |
Расте моделската понуда на Callaway. Моделот
С16 добива неколку нови верзии од кои според реакциите најпопуларна ќе биде
топлес изведбата која доби соодветно име Speedster.
Speedster и се придружува на своите браќа Coupé и Cabrio
направени врз основа на Corvette C6. Неговото претставување е закажано за
време на одржување на Concours d’Elegance во Пеблбич.
Како и браќата Speedster го задвижува моќен
6.2 литарски V8 кој поттикнат од механички компресор испорачува 700 КС,
84 коњи повеќе отколку кај Coupé и Cabrio и камионски вртежен момент од 900 Nm.
Со олку многу коњи C16 Speedster до стотка
забрзува за 3,3 секунди, а забрзувањето запира кога ќе се достигнат максимални
338 km/h.
Да се вози толку брзо без ветробран сигурно е супер
авантура иако двата насочувачи го преусмеруваат воздухот над со кацига
заштитената глава.
Дополнителна сигурност влеваат двата потпирачи во случај
на превртување. Сепак, веруваме дека ретките сопственици на овој Speedster кој чини
305.000 долари нема да експериментираат.

|