Get Adobe Flash player
Captiva претрпува фејслифт
29.07.2010

Ловците на автомобили успеаја да ја уловат модернизираната Chevrolet Captiva и да ја пласираат првата шпијунска фотографија на компактниот SUV од понудата за моделската година 2011.

chevrolet-captiva-2010-1

Интересно е што и Captiva го добива новиот корпорациски имиџ на Chevrolet кого компанијата го претстави преку концептот RS и седанот на новата генерација на помалиот Aveo.

Актуелната верзија на Captiva на пазарот е од 2006 и релативно модерниот лик до сега немаше причини да се менува. Но, по четири години од Chevrolet сметаат дека е време моделот да се освежи.

Моделот за моделската година 2011 претрпел сериозен фејслифт на предниот дел за освежување на автомобилот. Комплетно е сменета предната маска која сега е од два дела, сменети се предните светла, браникот, крилата и хаубата.

Одзади пак измените се незабележливи. Се очекува дека ова затегнување на брчките ќе биде доволно за Captiva да издржи на пазарот до 2013 кога се очекува Chevrolet да комплетно нова генерација на овој прилично успешен модел.

Обновената Captiva како модел за 2011 на пазарот треба да се појави кон крајот на годината.

 

 

 

Facebook