|
03.03.2008 |
Ова е најновиот скок на цената на нафтата која од вчера
изнесува рекордни 103 американски долари за барел и сето тоа благодарение на
тензијата во Северен Ирак.
Влегувањето на турската војска во Северен Ирак која го
решава проблемот со курдските бунтовници услови нов бран поскапување на нафтата
чија цена од февруари до сега скокна за околу 20 проценти.
Втора причина за ваквиот раст на цената на нафтата,
покрај тензиите на Блискиот Исток, е и слабата економија на САД. Ова е второто
најголемо поскапување на нафтата во историјата, по она во 1980 кога
благодарение на заложничката криза во Иран нафтата достигна 103,76 долари за
барел.
Дел од аналитичарите предвидуваат дека намалување на
цената на нафтата нема да има бидејќи паничното купување ќе ја крене цената уште
повисоко. Други пак тврдат дека цената на нафтата достигна критична точка и
дека набрзо ќе падне на ниво пред поскапувањата во февруари.
Во меѓувреме се очекува зголемување на цените и на
нафтените продукти односно бензинот и дизелот, но не се очекува поскапување на
плинот.
Проблемот е во тоа што доколку се случи огромен скок во
цената на нафтените продукти сето тоа ќе влијае и врз цените на останатите
услуги и продукти и евентуално ќе ја зголеми инфлацијата.
|