Get Adobe Flash player
Чеченците ќе имаат свој автомобил
27.01.2012

Информацијата удира како гром од ведро небо и делува нереално, но сепак, има вистина. Чеченците одлучиле да направат сопствен автомобил со кого би се поддржала локалната економија.

pogoni-cecenavto-1-2012-1

Фабриката во која ќе се произведува е завршена, погоните се опремени и се чека официјално отворање како би стартувало производството. Вака го опишува својот потфат Министерот за индустрија и енергетика на Чеченија, Галас Тајмасханов.

Автомобилот, поточно пикапот, ќе го носи името Ворд кое на чеченски значи количка. Поставен е на основата на Lada Niva меѓутоа кабината ќе му биде како на комби и ќе има три места за седење во еден ред.

Развојот е подпомогнат од британска фирма чие име не се спомнува, но се вели дека е специјализирана за развој на такси возила и за возила потребни на градски служби како што се пошти, комунална хигиена и слично.

Сеуште нема информации за техниката на Ворд, ниту пак има фотографија од него. Па само инволвираните во проектот знаат како тој ќе личи кога ќе се симне од производните ленти.

Државната компанија која ќе го произведува Ворд веќе има и име Чеченавто, а погоните се наоѓаат во градот Аргунск. Во истата фабрика ќе се произведува и Lada Priora за пазарот во Чеченија.

 

 

 

Facebook