|
28.11.2011 |
|
Hyundai го претстави првиот автомобил којшто е создаден во соработка со кинескиот производител на автомобили Beijing Automotive и ќе биде претставен на салонот за автомобили во Гуангчоу.

Станува збор за концепт којшто е многу блиско до сериски автомобил. Името на автомобилот е Shouwang BHCD-1 и кога ќе влезе во сериско производсто ќе се продава само на пазарот во Кина.
Акронимот BHCD доаѓа од Beijing Hyundai Motor Company. Компанијата е создадена со заеднички капитал на Hyundai и на Beijing Automotive и почнува да работи на новите проекти од бел лист хартија.

Тоа значи дека и првиот концепт Shouwang BHCD-1 е создаден од нула и е предвесник на цела гама на возила кои ќе се продаваат под марката Shouwang, а ќе бидат ориентирани кон зачувување на животната средина.
Детални информации за концептот сеуште нема, но за него се знае дека го задвижува хибриден погон настанат под капата на новата компанија BHCD.

BHCD постои од 2002 година, но до сега се произведувала автомобили поставени на основата на автомобилите на Hyundai, a Shouwang ќе биде првата марка возила создадени на сосема нови основи.
|