Get Adobe Flash player
Chery и Chrysler со ново возило во Мексико
19.12.2007
chery-a1.jpgСе додека на дневен ред се потрошувачката на гориво, високата цена на нафтата и сообраќајниот метеж малите автмобили го држат приматот како превозно средство на мобилната иднина.

Тука својот интерес го виде и Chrysler и се здружи со кинескиот производител на автомобили Chery, за да заштеди на развојот на мили автомобили. Првиот автомобил што ќе произлезе од овој брак е Chery A1 кој секако ќе го носи и беџот на Chrysler и неговите марки.

Овие автомобили Chrysler прво ќе ги понуди во Мексико под знакот на Dodge, а набргу потоа се очекува истите да се појават и во САД. Станува збор за евтин автомобил чија цена во Кина изнесува 7.000 долари, а со сите транспортни трошоци истиот тој во Мексико и во САД ќе се продава за малку под 10.000 долари.

Првичните преговори меѓу Chrysler и Chery пропаднаа бидејќи американските инженери сметаа дека автомобилите на Chery не ги задоволуваат стандардите на Chrysler.

Но, по купувањето на Chrysler, Cerberus Capital Management ги постави работите во друга перспектива и разултат е кинески автомобил со беџ на Chrysler во САД.

 

 

 

Facebook