Get Adobe Flash player
Честито, Toyota стана Број 1 во светот
24.04.2007
toylogoИ покрај првиот пад во месечното производство забележан по две ипол години, Toyota го замени General Motors на местото на најголем производител на автомобили во светот.

Денес претпријатието соопшти дека во првите три месеци од годинава произвело 2,348 милиони возила и со тоа го надмина General Motors кој има 2,26 милиони возила во првиот квартал.

Toyota сепак претрпе мал пад на патот до врвот: поради слабиот интерес на домашниот пазар, претпријатието во март за прв пат по 29 месеци произведе помалку возила отколку во претходниот месец. На глобално ниво, продукцијата на Toyota во март се намали за еден процент, на 771.863 автомобили. Во Јапонија производството забележа пад од пет проценти, но за тоа надомести порастот во производството во странство од четири проценти.

Експертите воопшто не се сомневаат дека Јапонците ќе застанат на врвот на најуспешните производители на крајот на годината. Минатата година Американците беа само за 160.000 возила пред Toyota, со вкупно произведени 9,18 милиони автомобили. Но, поради тоа што Јапонците токму на американскиот пазар бележат огромен пораст во продажбата со еколошките и штедливи модели во својата понуда, а постојано псотигнуваат плус и на пазарите во раст, освојувањето на врвот на крајот на годината е многу веројатно.

 

Поврзани статии

 

 

Facebook