|
Производителот на автомобили од Украина, Запорошкиот автомобилски завод, кон средина на месец февруари стартува со производство на нов евтин седан кој во суштина е Chevrolet Aveo со друг беџ.

Единствената разлика меѓу ZAZ Vida како што се нарекува украинскиот модел и Chevrolet Aveo од претходната генерација е беџот на ZAZ и името. Од ZAZ наведуваат дека постојат и мали измени во кабината, но тие се незначителни.
Под хаубата ќе работат мотори на General Motors од 1.3, 1.4 и 1.5 литри. Сите се спарени со мануелен менувач со пет степени на пренос, а како опција стои и автоматски менувач.
Ова не е прв проект кого ZAZ го работи во соработка со General Motors. Во погоните на украинскиот производител веќе се склопуваат моделите ZAZ Lanos како седан и пикап и ZAZ Forca како седан.
ZAZ планира годишно да произведува по 10.000 примероци од Vida, a интересно е што нема да се продава само на пазарот во Украина. ZAZ Vida ќе се извезува, но сеуште не се наведува на кои пазари.
Секако Vida ќе биде поевтина од Aveo, а подоцна ќе се произведува и во хечбек варијанта со три и со пет врати.
|