|
Chevrolet ја зголемува понудата на Cruze. После седанот и комбилимузината со пет врати на пазарот пристигнува и третата каросериска варијанта, комби, коja ќе биде претставенa во Женева.

Комбито од Cruze воедно ќе биде и најголемиот примерок во гамата. Со своите 4.675 mm должина тој е подолг од седанот за 78 mm и од комбилимузината за добри 165 mm.
Многу поимпресивни се податоците за багажникот кој од основните 500 литри со преклопување на задните седишта нараснува на безмалку 1.500 литри, вредност која е меѓу најдобрите во сегментот.
Под хауба ќе работат познатите бензинци од 1.6 и 1.8 литри, турбото од 1.4 литри и дизелите од 1.7 литри и модернизирната верзија на актуелниот 2.0 литарец. Од Chevrolet најавуваат дека сите мотори со турбо ќе имат систем Start&Stop.
Во групата влегуваат бензинецот 1.4 и дизелите 1.7 и 2.0. Воедно сите мотори ги задоволуваат еколошките норми Euro 5. Голема новина кај комбито на Cruze е системот MyLink којшто понатаму ќе се вградува и во Aveo.
Системот се врзува со модерните смартфони и може да разменува музика, видео, телефонски именик и други информации со кои располагаат денешните мобилни вклучувајќи и GPS навигација која се прикажува на екранот од течни кристали отсетлив на допир.
Уште една новина во комбито на Cruze е моќноста за отклучување и стартување на возилото без клуч. Кога ќе стартува продажбата од Chevrolet сеуште не кажуваат, но затоа најавуваат дека системот MyLink ќе биде на располагање во моделите на марката на лето.
|