Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Chevrolet Cruze откриен пред дебито во Париз
22.08.2008
chevrolet-cruze-1.jpgОдличен потег на General Motors. Автомобилот кој крена многу прашина во последно време сега е на тапет. Во GM одлучија да откријат дел од деталите и првите официјални фотографии.

Светската премиера на Chevrolet Cruze е закажана за во октомври на претстојниот салон на автомобили во Париз. Cruze ќе и се придружи на неодамна претставената Insignia како втор глобален модел на GM од новата генерација чив развој е започнат од бел лист хартија.

Планот е Cruze да се продава на пазарите во Европа, Северна Америка и Азија, а врз неговата платформа ќе биде поставена и новата генерација на Opel Astra и на Zafira.

Автомобилот прикажан на официјалните фотографии пуштени од General Motors е моделот наменет за европскиот пазар и стартувајќи од март следната година ќе биде на располагање на купувачите од стариот континент со два бензинци и еден дизел.

Бензинците од 1.6 и 1.8 литри остваруваат респектибилни 112 односно 140 коњски сили. Двата мотори имаат варијабилно управување со всисните и издувните вентили со што се подобрува економичноста и се зголемуваат перформансите.

Дизелот е познатиот 2.0 литарец со турбо надполнење кој остварува 150 коњски сили и максимален вртежен момент од 320 Nm и на почеток ќе биде најмоќниот мотор што ќе се вградува во Cruze.

Сите мотори ќе бидат спарени со пет степен мануелен менувач, но ова е дел од сериската понуда, секако со доплата Cruze ќе може да се добие и со нова шест степена автоматика.

Подоцна се очекува под хаубата да забрмчи и 1.4 литарскиот турбо бензинец кој на отворено, не просек, би требало да троши околу 5,9 литри, додека во град потрошувачката не би требало да надмине 7,8 литри.

Cruze кој ќе биде наменет за азискиот пазар ќе се продава под беџот на Daewoo. Комерцијализацијата исто како и на северно американскиот пазар ќе стартува некаде на пролет 2010.

Значи точно една година по стартот на продажбата во Европа. Според информациите цените не би требало драстично да отскокнуваат од сегашната понуда на Lacetti.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook