Повеќе пати пишувавме за Chevrolet Cruze, модел од
исклучително големо значење за General Motors кој светската премиера ја доживеа на
салонот во Париз.
Претставен пред околу три седмици Cruze веќе стартуваше
со продажба во Кореа под исто име како и неговиот претходник Daewoo
Lacetti. Малку е чудно што Cruze/Lacetti толку брзо се појави на пазарот во
Кореа, бидејќи за старт на комерцијализацијата се најавуваше почетокот на 2009.
Сепак, тогаш барем ќе се појави во Европа, а купувачите
од другата страна на атлантикот ќе мора да почекаат уште подолго. Во Северна
Америка Cruze ќе се појави на пазарот дури за две до три години.
Станува малку несфатлива одлуката на General
Motors толку да го одложи стартот на продажбата во САД со оглед на наглата
промена на структурата на пазарот кој одеднаш, поради светската криза, се
префрли на поекономични автомобили.
Се чини дека General Motors барем кога се
работи за Cruze ќе ја смени својата стратегија. Бидејќи гледано реално Cruze за две до
три години ќе остарее како модел.
Без оглед на се, Cruze, односно Lacetti пристигна до корејските купувачи. Под хаубата на првите модели на Lacetti работи
бензински 1.6 литарец кој остварува максимални 114 коњски сили, а снагата до
предните тркала ја пренесува преку пет степен мануелен менувач, но како опција
се нуди и шест степен автоматски менувач.
И за крај најинтересната информација. Ценовниот старт на Lacetti
во Кореа е малку над 9.000 американски долари.
|