Првите официјални фотографии од Cruze, General
Motors ги претстави кон крајот на минатиот месец, но сега сериската верзија е
претставена во живо на затворена презентација.
После Insignia, Cruze е вториот автомобил на General Motors развиен од
бел лист хартија, поставен на сосема нова платформа Delta
2 која е основата за многу модели што ќе следат во иднина, вклучувајќи ја и
новата Astra.
Со откривањето на Chevorlet Cruzе, General
Motors пишува нови страници во својата историја и го започнува новото столетие на
компанијата.
Токму така денес General Motors прославува
100 години од своето постоење и покрај Cruze почетокот
на новото столетие го започнува со програмата наречена GMnextDay серија на
активности кои се фокусираат на иднината на компанијата.
Програмот GMnext и назначената
интернет страница www.gmnext.com отвораат нова врата преку која
купувачите и сите заинтересирани ќе можат да стапат во контакт со одговорните
во компанијата и да се информираат за новините и за секој следен чекор на General
Motors.
Но, да се фокусираме на Cruze.
Претставената верзија е наменета за европскиот пазар и кога ќе се појави во
продажните салони во март 2009 ќе биде достапна со два бензински мотори и еден дизел, но за
нив веќе пишувавме.
Најавуваниот 1.4 литарски турбо бензинец ќе се вградува
во моделот наменет за Северно американскиот пазар, неговата моќност останува
сокриена додека се знае само потрошувачката.
Комплетните детали секако остануваат за салонот во Париз.
|