Новата генерација на Aveo ако
така воопшто може да се нарече обновениот автомобил на Chevrolet веќе
стартува со продажба во Европа во верзии како и до сега со три и со пет врати.
Всушност со продажба стартуваше верзијата со пет врати,
додека за моделот со три врати ќе треба да се почека до крајот на јули. Aveo е
најпродаваниот модел на Chevrolet во Европа и опфаќа 28% продажбата на
марката. На второ место е Lacetti со 21% од вкупната продажба на Chevrolet на Стариот
континент.
Наследникот на Aveo има комплетно нова
внатрешност и сега наликува на седанот, додека однадвор се сменети предната
маска која сега има поголеми отвори за воздух, а
преместена е и позицијата на знакот на Chevrolet.
Сменети се и предните светла, а како стилски детал
додадени се и странични отвори за одвод на топол воздух од моторот кои се
позиционирани во подножјето на A носачите. Одзади Aveo исто така
го красат нови светла и нов браник со отвори за две издувни цевки во поопремените верзии.
Според инженерите на Cehvrolet голем
напредок е направен во подигнување на квалитетот на материјалите во кабината и
квалитетот на изработка во однос на претходникот.
Нови се и моторите. Купувачите ќе можат да бираат меѓу
два бензински агрегати со зафатнина од 1.2 и 1.4 литри со моќност од 85 и 101
коњски сили и вртежен момент од 114 односно 131 Nm.
Моторите сега се помоќни и поефикасни и од Chevrolet наведуваат
просечна потрошувачка од 5,5 и 5,9 литри на 100 километри безоловен бензин.
Цената во Европа за Aveo со пет
врати стартува од 9.000 евра.
|