|
15.11.2007 |
Chevrolet денес на салонот во Лос Ангелес ја најави својата одлука
за производство на мини автомобил на база на концептот Beat прв пат
претставен на салонот во Њујорк.
Се очекува автомобилот да остварува просечна потрошувачка
од 4,7 литри на 100 изминати километри, па дури и помалку, а ќе се произведува
во Јужна Кореа.
Анкетата направена на интернет која вклучила преку 1,8
милиони учесници била клучна за одлуката кој од трите коцепти Beat,
Groove или Traх, ќе влезе во сериско производство.
Сите три коцепти дебитираа заедно во Њујорк годинава.
Beat освоил 875.000 гласови, тесно следен од Groove со 713.000
гласови. Trax не бил примен најдобро од светската јавност.
Продажбата на мини автомобилот на почетокот ќе биде
фокусирана на државите каде малечките автомобили имаат голем пазарен удел. Тука
дефинитивно спаѓа и Македонија.
Chevrolet исто така внимателно ќе ја надгледува
продажбата на Smart во САД пред да одлучи да го пушти малечкото на домашниот
пазар.

|