Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Chevrolet: Не едно по едно, туку тројка од старт
08.05.2007
gmtrio Наспроти првичните планови Chevrolet нема да произведува само едно од трите студиски возила што беа прикажани во Њујорк, туку ќе ги пушти сите три во серија.


На почетокот фирмата ќерка на General Motors и остави на публиката да избира кое од трите малечки студиски возила ќе влезе во сериско производство, со гласање на интернет. Но, поради огромниот интерес, сега производителот реши сите три возила заедно да ги пушти во производство.

Најсамоуверен настап во тројката има студијата Traх. Со голем преден орабик, заштита на подвозјето како кај теренец, широки крила и широка хромирана лајсна во маската возилцето изгледа речиси како теренец. За погонот на комбилимузината со четири врати се грижи еднолитарски бензинец.

Студија број два е Groove, со изглед на кутија, кој за разлика од браќата вози со еднолитарски дизел мотор. Отровно зелен и со силна спортска нота настапува Beat. Името би можело да му прилега и на некој мп3-плеер. Перформансите тука се работа на 1,2-литарскиот бензинец со турбонатполнење.

Сите три возила со изгледот потсетуваат на малите возила од ковот на Smart, Daihatsu и фирмата ќерка на Тоyota, Scion. На купувачите на овие возила цели и Chevrolet, бидејќи малите градски возила уживаат растечка популарност во САД. Сите три концептни возила се дизајнирани во студиото на GM Daewoo во Кореја.


 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook