Новата генерација на Spark која пред
премиерно беше прикажана пред салонот во Женева конечно ја доживеа својата
светска премиера и откри нешто повеќе за себе.
Chevrolet ја искористи пред премиерата за да го најави Spark
и да ги прикаже најважните информации околу пристигнувањето на пазарот,
неговиот дизајн и некои основни начела за автомобилот. Но, остави дел и за
премиерата.
Под хаубата на Spark како што беше
најавено ќе работат два нови четири цилиндрични атмосферски бензинци. Првиот е
со зафатнина од 1.0 литри и остварува 66 КС, додека помоќниот 1.2 литарец нуди
78 КС.
И додека 1.2 литарецот во просек се задоволува со 5,88 L/100
km безоловен бензин, помалиот мотор остварува просечна потрошувачка од 5,0
L/100 km и има емисија на СО2 помала од 120 g/km.
И двата мотори се врзани со пет степен мануелен менувач
кој снагата ја пренесува на предните тркала. Моторите секој со по четири
вентили на цилинидер ги задоволуваат нормите Euro 5, а 1.2
литарецот е способен да го забрза Spark до темпо 100 за
12,4 секунди.
Spark кој изгледа луто со агресивниот нос и кусиот задник на
патниците им нуди багажен простор со волумен од 170 литри кој со соборување на
задната клупа, деллива во сооднос 60:40, се
зголемува на 994 литри.
Патниците внатре треба да уживаат во тишината бидејќи
инженерите се погрижиле драстично да ја намалат бучавата со користење на нови
материјали, за изолација на звукот, вибрациите и ударите од подвозјето, свoјствени за поголемите и поскапите автомобили.
Изолацијата е поставена на преградниот ѕид меѓу кабината
и моторот, во подот, околу тркалата, во вратите и на кровот.
Богатството од опрема ќе биде уште една позитивна
карактеристика за малиот Spark. Во зависност од моделот ќе се добива возачко седиште и
волан кои се местат по висина, електрика на стакла, греење на предни седишта, радио
со CD со команди на волан, електрични и греени ретровизори,
патен компјутер, греач за предни бришачи, клима уред, мануелен и автоматски, ABS и ESP.
Со електронската контрола на стабилноста, комплетот од
воздушни перници и зајакнатата структура на патничкиот кафез и ново
конструираните деформациски зони Spark претендира на
освојување на 5 ѕвезди на EuroNCAP.
За сега толку.
Од Chevrolet најавуваат дека постепено ќе ги
откриваат и останатите детали за Spark со цел постојано
одржување на љубопитноста кај публиката се до неговата
комерцијализација на почетокот на 2010.
|