Станува збор за уште еден славенички модел на General
Motors преку кого се одбележува 100 годишнината на компанијата и кој претставува
вовед во електричната иднина на автомобилизмот.
Chevrolet Volt официјално е претставен веднаш по
откривањето на Cruze и со него General Motors не само што го
прославува своето вековно постоење туку и најавува револуција во светот на
личниот транспорт.
Според одговорните во GM, Volt ќе го
смени лицето на историјата на автомобилзмот.
Кога ќе стартува производството Volt ќе биде
првиот автомобил во историјата кој ќе се произведува масовно и кај кого моторот
со внатрешно согорување нема да биде примарен двигател.
Планот е Volt да пристигне во продажните салони на Северно
американскиот пазар во 2010, а година подоцна да ја преплива големата бара и да
стане достапен и за нас купувачите од стариот континент.
Volt го задвижува електричен мотор со моќност од 148 коњски
сили и максимален вртежен момент од 370 Nm кој
енергијата ја добива од литиум-јонска акумулаторска батерија.
Капацитетот на батеријата е доволен за радиус на движење
од 64 километри или 40 милји меѓу две полнења. Значи возење со емисија на СО2
од 0 g/km. Максималната брзина на Volt изнесува
160 km/h.
Полнењето се одвива со приклучување на стандардната
електрична мрежа со време траење од 3 часа чив максимален напон може да биде
240 V. Но, што станува кога по предвидените 64 km ако не најдеме
електричен приклучок.
Тогаш на сцена стапува малиот мотор со внатрешно
согорување чија цел не е да го движи автомобилот туку да го задвижува
генераторот кој пак ја полни батеријата со електрична енергија.
Класичниот мотор воопшто не е врзан со системот за пренос
на Volt што значи дека потрошувачката е сведена на минимум, а
истот се однесува и на емисијата на СО2.
Volt е поставен на платформата Delta 2 на која
почива и Cruze, но и новата Astra што значи дека
производството на електричен Cruze и Astra во блиска иднина е извесно.
Кога ќе пристигне на европскиот пазар, се очекува, Volt да се
продава по цена од околу 25.000 евра што значи дека ќе биде директен ривал на Toyota
Prius.
|