Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Chevy од ’30 ќе вози на релито Пекинг–Париз
16.05.2007
chevy1Годинава релито Пекинг-Париз, 12.800 километри исклучително тежок мото предизвик кој ги носи натпреварувачите од главниот град на Кина до Градот на светлината, слави 100 годишница.

Преку 130 класични автомобили се пријавија да учествуваат во годинешниот настан меѓу кои и еден Chevy од 1930 година со кого ќе се натпреварува американски екипаж.

Сопственикот Ден Ренсинг го купил автомобилот специјално за ова рели и темелно го подготвил за тешкиот предизвик. Оригиналниот шест цилиндарец кој остварува 50 КС е ремонтиран, но работите не застанале тука. Автомобилот морал да претрпи многу измени за да може да го издржи тешкиот маратон. Зајакната суспензија, дополнителен резервоар за гориво, GPS, нова електрика што работи на 12 волти за да ги напојува модерните инструменти...

Ренсинг одлучил да асистира за време на маратонот. Односно ја превзема улогата на совозач и навигатор. Примарната функција да управува со Chevy е препуштена на авантуристката Михелa Шапиро, победник на Bullrun во Европа во 2004 година.

Класичниот двосед со стартен број 34 ќе биде пречекан и поддржан од локалниот застапник на Chevy во секоја од државите низ кои поминува релито на својот пат до Париз. Релито стартува на 27 мај.

chevy2chevy3

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook