Get Adobe Flash player
Хибридниот Ferrari сеуште е прототип
01.03.2010

Голема фама се крева околу појавувањето на првиот хибриден автомобил што ќе излезе од погоните во Маранело, а сега на интернет се појавија и првите фотоси од најзелениот модел на Ferrari.

ferrari-599-hybrid-2010-1

Моделот што ќе носи хибриден погон е Ferrari 599 Hybrid и првиот негов прототип е подготвен да биде прикажан на салонот во Женева. Како што и доликува на една зелена верзија и 599 Hybrid е обоен во зелена боја и носи црн кров.

Но, однадвор нема ништо ново во поглед на дизајнот на 599 Hybrid она што најмногу ги интересира автомобилските поклоници на марката чив заштитен знак е коњот што се шепури се сокрива во багажникот.

Иако сеуште нема официјални информации за хибридниот систем на 599 Hybrid, сепак, за да се подгрева љубопитноста се појавија некои неофицијални податоци кои велат дека електромоторо има моќност од 100 КС.

Тој делува како составен дел од трансмисијата на Ferrari 599 која е поставена по принципот трансаксл што значи дека менувачот и диференцијалот се наоѓаат одзади директно врзани на погонската оска.

Ова значи дека под хаубата продолжува да се крие стандардниот бензински V12 од 6.0 литри од 599 GTB Fiorano со 620 КС, додека акумулаторските батерии се поставени под подот во багажникот.

Хибридниот систем ја зголемува тежината на автомобилот за околу 100 kg, но поголемата тежина ја компензира електромоторот и неговите 100 КС па така според внатрешни звори од Ferrari, хибридниот 599 е побрз од стандардниот.

Воедно 599 Hybrid има пониска ппотрошувачка за околу 35%, вредност која воопшто не е за занемарување, уште повеќе ако се земата во обзир побесните перформанси на хибридиот.

Од Маранело истакнуваат дека автомобилот којшто ќе биде прикажан во Женева ќе биде прототип кој сеуште е во фаза на развој и кој треба уште многу да се усовршува пред да може да се појави на пазарот како сериски модел.

Несомнено повеќе детали за концептот Ferrari 599 Hybrid ќе бидат откриени во Женева, но богатите загрижени за животната средина ќе мора да почекаат за да седнат зад волан на 599 Hybrid.

 

 

 

Facebook