Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Чистокрвна ексклузивност
18.09.2007
bugatti-veyron-pur-sangОва е новиот Bugatti EB Veyron 16.4 Pur Sang, специјална едиција на еден од најбрзите автомобили на планетата, лимитиран на продукција од само пет примероци вкупно.

Во моментов „обичниот” Veyron, од неговото појавување во 2005, во еден ден во Дубаи се продава повеќе отколку што изнесува продукцијата на еден Pur Sang. Односно секој ден во Дубаи се продаваат по шест од овие супер автомобили.

Со цена повисока од домашниот бруто приход на некои мали и сиромашни држави, Pur Sang мора да понуди нешто нaвистина ексклузивно. Се сложувате нели?

Како надополнување на „обичниот” Veyron, купувачите на Pur Sang ќе уживаат во каросеријата изработена од специјална екстремно чиста алуминиумска легура избрана за да се избегнат нерегуларностите при полирање на металот.

Дополнително Pur Sang нуди монокок и хауба од карбон и отсуство на боја. Токму така само гол карбон и алуминиум ја красат кожата на најексклузивниот автомобил на светот.

Темата од два елементи избрана за автомобилот ги нагласува извонредната изработка и посветеноста на детали. Комбинацијата не само што му дава естетика туку се одразува и на функционалноста и намената на возилото.

Така големиот автомобил може да се пофали со тежина од 1.888 килограми 100 помалку од „обичниот” Veyron.

Кога во предвид ќе се земе и моќноста од 1.000 коњски сили се добива сооднос маса спрема моќност од 1.88 kg/hp - килограми на коњска сила.

Ова го поставува Pur Sang во позиција на светска доминација, не само со сензацијата што ја предизвикува туку и со супер спортските перформанси и секако привилегија за секој што ќе го поседува.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook