|
22.06.2007 |
Веста дека 84 годишен Холанѓанец и признал на полицијата
дека во последниве 67 години возел без возачка дозвола е ударна вест во
холандските медиуми.
Жителот на Амстердам бил запрен од сообраќајната полиција
за прв пат во неговиот живот поради рутинска контрола.
Тој избегнувал да биде запрен добри две третини од векот
бидејќи никогаш не бил инволвиран во сообраќајна незгода или запрен поради брзо
возење.
Човекот бил пуштен без обвинение или казна откако ветил
дека повеќе нема да вози и дека ќе се оттарси од автомобилот кој патем никогаш
не отишол на технички преглед.
|