Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Chrysler ќе стартува со два хибридни модела догодина
03.05.2007
17125Догодина Chrysler ќе стартува со хибридни модели. Aspen и Durango кои се на иста техничка основа ќе возат со 5,7-литарски V8 со исклучување на дел од цилиндрите, комбиниран со два електромотора.


Овој мотор кој во европската понуда на Chrysler е познат во моделот 300C, нема да се нуди во неговата хибридна верзија од оваа страна на Атлантикот. При делумно оптоварување се исклучуваат четири од осумте цилиндри на моторот од славната генерација Hemi, наречена по полутопчестата форма на комората за согорување, и во комбинација со електромоторите се псотигнува заштеда до 25 проценти. Во град, заштедата може да достигне и 40 проценти. Акумулаторите се полнат при возењето со повраток на енергијата при сопирањето.

Chrysler го разви системот во соработка со Mercedes, BMW и General Motors. Системот дозволува работа само на струја, работа само на бензин или комбинација од двата модуса.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook