Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Chrysler нема да работи еден месец
19.12.2008
chrysler-logo.jpgChrysler објави дека од денес 19 декември ќе ја запре работата на сите свои фабрики во текот на еден месец, значи до 19 јануари. Причина е лошата финансиска состојба.

Станува збор за затоворање на 30 фабрики во кои работат околу 46.000 работници. Првичниот план за затворање на фабриките беше од 24 декември до 2 јануари за време на Божиќните празници и Нова година во САД.

Според извештајот што доаѓа од Chrysler тој временски период е премногу кус за да се ревидира комплетната финансиска ситуација на компанијата.

Експертите предвидуваат дека дури и со финансиска инекција од страна на државата Chrysler нема да може да издржи уште долго.

Вкупната продажба на Chrysler од почетокот на годината заклучно со октомври беше пониска за 30% во однос на истиот период 2007 и што е уште пострашно продолжува да опаѓа. Во ноември е забележан пад од дури 50% и се очекува ситуацијата да се влошува.

Проблемот за олку лошата состојба во продажбата одговорните во Chrysler го адресираат до лошите кредитни услови наметнати од банките. Заклучок од досегашното истражување на пазарот.

Истото истражување вели дека проблемите во продажбата не се адресирани до проблеми со нивните производи како незадоволство на купувачите поради лош квалитет и постпродажни услуги.

Ивршниот директор на Chrysler, Боб Нардели, напомена дека состојбата во која се наоѓа компанијата е толку лоша што Chrysler би можел да остане без пари за само неколку месеци без помош од државата.

Во ситуацијата лошо е што помошта од државата можеби никогаш нема да пристигне, или пак, нема да биде доволна за спасување на компанијата, но не само на Chrysler.

Предлозите доставени од американските производители на автомобили до Сенатот на САД беа отфрлени од ова државно тело. По ова за нив останува само надежта дека може да ги спаси интервенција која ќе дојде директно од Белата Куќа.

Потег за кој претседателот Џорџ Буш рече дека ќе ги разгледа можностите и дека наскоро ќе излезе со соопштение. До тогаш колапсот се чини неизбежен.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook