|
08.12.2007 |
Финансискиот биланс на Chrysler за 2007 ќе
биде многу полош отколку што очекуваа одговорните во компанијата, а загубата
најверојатно ќе се искачи на енормни 1,6 милијарди долари.
Извршниот директор на Chrysler, Роберт
Нардели веќе најавил дека добивките на компанијата годинава ќе бидат помали од
63 милијарди долари, додека во исто време трошоците ќе надминат 64 милијарди
долари.
Откако е превземен од Cerberus Capital
Menagement, ова е вториот голем финансиски извештај на Chrysler кој според
американските закони веќе немора да ги објавува јавно бидејќи сега е приватна
компанија.
Поранешниот шеф на Chrysler и сегашен
извршен директор на Daimler AG, Дитер Цетче
изјави дека компанијата најверојатно нема да биде профитабилна и следната
година.
Ова значи големи се шансите и 2008 Chrysler да ја
заврши со загуба.
|