Get Adobe Flash player
Чуден прототип од Murcielago
18.01.2010

Една од најпривлечните креации претставени на тјунинг викендот во Токио за која посетителите прикажаа најмногу љубопитност беше преработка на Lamborghini Murcielago наменет за девојчиња.

mach-girl-murcielago-1

Чудната креација всушност претставува имитација на каросеријата на Murcielago изработена од пластична маса и поставена врз еден ATV со огромни автомобилски леснометални бандажи обуени во широки гуми.

Всушност креацијата наречена Mach Girl е вистински прототип од анимираната верзија на возилото кое е главен јунак во кусиот филм Speed Racer кој беше претставен на шоуто во Токио.

Овој кус анимиран филм е пилот проект за телевизиска серија кој наскоро треба да стартува во Јапонија и која ќе го носи името на концептот Mach Girl.

Според зборовите на креаторите, Mach Girl има слични перформанси како и било кој друг сериски модел на ATV. Тие истакнуваат дека овие информации се доволни за публиката и немаат намера да влегуваат во детално објаснување на проектот Mach Girl.

mach-girl-murcielago-2

 

 

 

Facebook