Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Citroen Berlingo со седум седишта
27.01.2009
citroen-berlingo-7-sed-1.jpgНовиот Berlingo сеуште не зел замав на пазарот, а Citroen веќе подготвува нова уште попрактична верзија. Станува збор за верзија со седум седишта.

Автомобилот носи полно име Citroen Berlingo Multispace MPV Familly Pack и нуди вкупно седум места за седење вклучувајќи го и возачот. Покрај основните пет седишта во багажникот се сместени уште две дополнителни.

Седиштата не се фиксни и можат да се преклопат, а кога треба да се носи погабаритен товар и да се извадат, независно од останатите. Единствениот недостаток на оваа верзија е ограничениот багажник од само 100 литри кога третиот ред седишта е во функција.

Под хаубата работат истите мотори како и кај останатите верзии, а во Citroen истакнуваат дека најпопуларен е 1.6 литарскиот турбо дизел HDI.

Во однос на верзијата со пет врати Citroen Berlingo Multispace MPV Familly Pack се разликува и по комплетното поставување на подот од кабината со мек теписон. Имено кај обичниот Berlingo багажникот е поставен со пластика заради лесно одржување.

Патниците од последниот ред при патување воопшто нема да бидат подредени на патниците однапред. Имено и за нив се обезбедени пар звучници, странични отвори за вентилација, простор за одложување на ситнурии, приклучок од 12 V, ремени во три точки и странични воздушни завеси.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook